Поголемиот дел од корисниците на мобилни телефони кои работат на Android платформа, ја исклучуваат својата локација поради приватност, но и покрај тоа што така ја заштедуваат батеријата на уредот.
Но, опцијата „Location Share” се активира сама од себе – покажува новото истражување на тимот „Quartz”, а најпосле истото го призна и компанијата „Google”.
Опцијата за споделување на локацијата собира информации за движењето на корисникот и ги испраќа во централата на „Google”, тврди тимот. Ваквата “непријатност за корисниците” е активна од 2017 година, од кога е вклучено регистрирањето на корисниците на мрежните базни страници, пренесува „Mobit”.
Истражувањето на „Quartz” дознава дека сите паметни телефони испраќаат податоци кон „Google”, дури и оние кои се ресетирани или без SIM картичка. Размената на податоци започнува во оној момент кога мобилниот телефон ќе се поврзе на мобилната мрежа или Wi-Fi.
„GSM Arena” наведува дека „Google” на ниту еден начин не ги злоупотребил овие податоци и дека истите ќе бидат енкриптирани.
И покрај ветувањата дека ќе престанат да ја користат оваа опција, не е пријатно да се знае дека “Google” собира податоци за движењето на корисниците, дури и во случаи кога корисникот експлицитно нагласува дека не го сака тоа.