Апликацијата „Датали“ е направена за на корисникот јасно да му покаже кои апликации во заднина најмногу му го трошат интернетот од телефонот, и предлага блиски безжични мрежи на кои можете да се поврзете.
На врвот на екранот во апликацијата се наоѓа големо копче со кое можете да ги прекинете сите пренесувања на податоците, што значи дека податоците можат да се користат само од апликациите што ги користите во моментот. Ако сакате да спречете само одредени апликации, „Датали“ ја нуди и таа опција.
Ако сте корисник на „Андроид“, тогаш „Датали“ ќе ви изгледа како прилично бескорисна апликација затоа што сообраќајот на интернетот од телефонот можете да го следите преку функцијата што се наоѓа во поставките на телефонот. За некој што не ги знае тајните на оперативниот систем на „Гугл“, оваа апликација ќе биде неизбежна алатка. Како самостојна апликација, таа исто така е практична за секојдневна употреба.
„Датали“ е дел од иницијативата на „Гугл“ наречена „Следните милијарда корисници“ која производите на „Гугл“ се обидува да ги направи достапни во земјите со ограничена покриеност на интернет-сообраќајот од самиот телефон. Затоа оваа иницијатива се фокусира на мали и употребливи апликации. „Датали“ зафаќа само 6 мегабајти простор.
Поврзани артикли