Google е обвинет дека собирал информации од корисниците на iPhone без одобрение, а штетата се брои во милијарди долари.
IT гигантот Google се соочува со една од најголемите тужби во историјата и тоа од страна на обичните корисници. Тужбата ја поднел поранешниот директор на британската агенција за заштита на потрошувачите, Ричард Лојд.
Тој тврди дека Google во текот на 2011 и 2012 година илегално собирал информации од корисниците на iPhone во Велика Британија, а по неговите зборови, Google следел како луѓето ги користат телефоните со цел поефикасно да ги пласира своите огласи.
Со тоа, ова би била најголемата компензација која би ја добиле британските потрошувачи. Информациите говорат дека во тоа време имало пет и пол милиони корисници. Доколку се пресуди во нивна корист, тоа би можело да биде сериозен удар за Google и останатите гиганти кои често ги игнорираат законите.
Google во 2012 година во Британија платил над 25 милиони евра поради шпионирање на корисниците на Apple по пат на Safari. Во овој случај, Google изјави дека ќе се брани бидејќи смета дека е невин.
Извор: PCpress.rs