Оној кој ве блокира на Facebook истиот момент за вас станува невидлив, но и вие за него. Нема да бидете во можност да му го видите профилот, да му испратите барање за пријател, порака, да коментирате или да видите што коментирал на Facebook.
Прва работа која можете да ја направите е да го пронајдете името на корисникот. Ако не го пронаоѓате, а знаете дека користи Facebook значи дека сте блокирани.
Сепак, малку подоверлив начин е да проверите преку заеднички пријатели, кои лесно можат да ви кажат дали профилот кој ве интересира и натаму постои.
Исто така, постои уште еден начин – пронајдете ги старите конверзации со оваа личност на Facebook. Кликнете да разговорот и наместо сликата на корисникот ќе видите системска Facebook слика и ако името е напишано со црни букви, тоа значи дека ова лице ве блокирало.
Ако пробате да испратите порака, ќе пишува дека дошло до грешка. Сепак, ако оваа личност го избришала профилот тогаш ќе пишува Facebook user, а не целосното име и презиме.
Поврзани артикли