Русија ја лансираше втората ракета „Сојуз 2.1б“ од новиот космодром Васточни, отворен во април 2016 година на рускиот Далечен исток, со чиешто градење се сака да се намали зависноста од космодромот Бајконур во Казахстан.

Ракетата чиешто лансирање директно беше пренесувано на телевизијата, полета според предвидениот распоред точно во 14,41 часот по локално време.

Во вселената ги понесе сателитот „Метеор-М“ кој е дизајниран за собирање информации коишто се користат за временска прогноза. Покрај него, лансирани се и 18 корисни товари кои им припаѓаат на институции или компании од Канада, САД, Јапонија, Германија, Шведска и Норвешка.

„Сите почетни фази на летот на ракетаа се одвиваа според предвидувањата“, објави руската вселенска агенција Роскосмос во соопштение. Малку подоцна државната корпорација објави дека сателитот „Метеор-М“ не е присутен во целената орбита и оти нема врски со него.

„Во текот на првото планирано поврзување со космичкиот апарат, не бевме во можност да воспоставиме комуникација, што се должи не неговото отсуство во целната орбита. Се врши анализа на ситуацијата“, соопшти Роскосмос.

Од агенцијата прецизираат дека „како резултат на работата на ракетата носач ’Сојуз 2.1б’ главниот блог во составот на леталото и вселенсиот уред беа лансирани во средната орбита“.