Истражувачките тимови на Samsung Electronics објавија важно откритие во областа на создавање на литиум-јонските батерии. Специјалистите во оваа проблематика успеале успешно да ја синтетизираат т.н. графена топка, која потенцијално може да се користи за производство на батерии со висок капацитет и многу побрзо полнење.
Вработените во Институтот за напредна технологија на Samsung користеле силикон диоксид (SiO2) за синтеза на графен. Потоа ги користеле добиените графенови топки како материјал за анодата и катодата во традиционалните литиум-јонски клетки.
Според истражувачките тимови на Samsung, графен батериите имаат 45% повисок капацитет, и се полнат петпати побрзо. Научниците велат дека со помош на новата технологија еден смартфон за да го наполните до крај нема да чекате час или два, туку само 12 минути. Покрај тоа, овие батерии ги задржуваат своите својства на температури до 60 ° C, што им овозможува да се користат и во електричните возила.
Поврзани артикли