Проценетата вредност на имотот на основачот на Amazon само минатата недела се зголемила за 2,4 милијарда долари. Причина за ваквиот раст лежи во Black Friday, ден кога започнуваат празничните купувања во САД, а од пред неколку години и во светот.
Онлајн купувањата за време на Black Friday се зголемиле за 18,4%, а инвеститорите очекуваат Amazon да била голем удел во празничната продажба преку Интернет, пишува ICT Business.
Инаку, Безос не е првиот кој успеал своето богатство да го изрази со дванаесет цифрен број. Ова му се случи на Бил Гејтс во 1999 година, но ако се земе предвид инфлацијата, тогаш тие пари вределе повеќе отколку денес. Богатството на Безос само оваа година пораснало за 32,6 милијарди долари што е најголем раст забележан до сега на нечиј имот. Вредноста на акциите во Amazon само минатата недела порасна за 5%.
Засега Безос е свртен кон инвестирање во другите негови компании, како што е случајот кога продаде дел од акциите на Amazon за да ја финанира својата компанија за вселенско истражување, Blue Origin.
Да не е филантропијата, денес најбогат човек на светот би бил Бил Гејтс, кој од 1996 година па наваму донирал 700 милиони акции од Microsoft и уште 2,9 милијада долари во кеш. Да не ги направил донациите, според моменталната цена на акциите на Microsoft, неговото богатство денес би било над 150 милијарда долари.