На 7 ноември, Кина најави планови за отворање на полициска станица базирана на вештачка интелигенција, во Вухан, еден од големите градови во земјата. Полицијата ќе се фокусира на возилата и проблемите поврзани со сообраќајот.
Станицата ќе биде отворена за 24/7, со целосен хардвер, па можеби нема да содржи ниту човечки работници. Сепак, иако овие станици со висока и напредна технологија се од голема корист за посетителите, нивното создавање отвора поширока дискусија за тоа како напредокот во роботиката и автоматските системи ќе влијаат на општеството, на долгорочен план, во однос на работата.
Дали кога светот ќе биде целосно автоматизиран, повеќето од луѓето ќе немаат работа и ќе бидат сиромашни? Дали автоматската инфраструктура ќе го примора човештвото да претвори во филантропско општество без класи? Дали сето ова ќе доведе до регресивен капитализам?
Многу студии предвидуваат дека речиси половина од американските професии ќе бидат автоматизирани, па експертите сметаат дека ако општествата не се прилагодат брзо на овие промени, тогаш ќе се создаде нестабилност. Потребно е според нив, да се согледаат придобивките од развиената технологија и да се изнајдат начините за лесно прилагодување.
Ваквата инцијатива како во Кина, може да реши низа светски проблеми, но и со себе да донесе бројни предизвици. Пред целосно да се потпреме на автоматизацијата и вештачката интелигенција, треба сериозно да се испитаат сите можни сценарија кои може да се случат и да се преземат мерки за превенција и справување со ризиците.
Поврзани артикли