Тричлената екипа на „Аполо 17“ се врати од мисијата со 110 килограми примероци од камен, повеќе од тоа што успеала да донесе која било друга мисија. Тоа беше и последната Аполо програма на Месечината.
По првиот „Голем чекор за човештвото“ во 1969 година, теоретичарите на заговор не ја изгубија инспирацијата. Освен општопозниот факт околу слетувањето на американскиот „Аполо 11“ на Месечината, теоретичарите на заговор открија детали кои, според нивно мислење, докажуваат дека слетувањето никогаш не се случило.
Еден од нив на „Јутјуб“ под корисничкото име „Streetcap1“ објави снимка од слетувањето на „Аполо 17“ од декември 1972 година тврдејќи дека еден детаљ докажува дека тоа не се случило. Тој забележал човек во отсјајот на визирот на кацигата на астронаутот.
Тврди дека човекот во отсјајот не е облечен во вселенски костим и дека тоа е доказ дека слетувањето е снимено на сет.
Еуген Цернан и Харисон Џек Шмит на таа мисија минале 22 часа. Се наоѓале на површината на Месечината, која се нарекува долината Таурус Литров, а во текот на речиси целодневното истражување колегата Роланд Еванс постојано ги надлетувал.
„Ми изгледаше малку чудно па со помош на софтвер ја издвоив фотографијата. Направив самиот фигура на човек кој не носи вселенски костим. Се чини дека има долга коса и дека носи некој прслук“, го образложи своето мислење корисникот на „Јутјуб“.
Поврзани артикли