Според научниците, интерстеларната прашина која може да пренесува микроорганизми низ вселената е изворот на живот на Земјата.
Новата студија спроведена на Универзитетот од Единбург смета дека бактериите и микро-животните способни да патуваат низ вселената се извор на животот на Земјата.
Оваа студија беше спроведена под надзор на професорот Арџун Берера, кој работи на Универзитетот од Единбург, и тој тврди дека микроорганизмите кои преживеале во интестеларните патувања се одговорни за животот на нашата мала сина планета.
Според студијата на Берера, вселенската прашина која може да патува со брзини од околу 70 км/ч константно ја бомбардира Земјата.
„Сознанието дека вселенската прашина може да издржи секакви услови, и дека таа патува помеѓу планетите низ вселената, носи повеќе опции и можности за откривање од каде е дојден животот на Земјата. Ваквата прашина може да се најде насекаде низ вселената и таа е веројатно многу чест фактор во креирањето на жив свет“, пишува во студијата.
Пример за ова може да се најде во прстените на Сатурн, каде научници од Европската Вселенска Агенција најдоа честички од соседната месечина Енцеладус.