Индоиранските народи во текот на вториот милениум пред новата ера живееле на подрачјето на Средноазиските степи.
Локацијата која медиумите веќе ја нарекле “руски Стоунхенџ” се наоѓа во јужен Урал во покраината Чељабинск, кај казахстанската граница. Русија веќе можела да се пофали со камената формација Манпупунеру во сојузната држава Коми, и ова е само продолжение на приказната. Се претпоставува дека станува збор за древна населба со заштитна подлога од камени кружни ѕидини.
Научниците се согласуваат дека Аркаим по возраста може да се спореди со египетските пирамиди или со критската микенска цивилизација. Древните градежници го кренале пред околу 3.600-3.700 години.
Научниците во Аркаим откриле станбени градби и различни помошни објекти: грнчарски печки, печки за топење на метали, како и места за добиток. На основа на зачуваните животински коски, научниците дознале и кои животни биле таму одгледувани. Во главно тоа биле коњи и стока со рогови. Тешко е да се дојде до сознанија за основната работа на древните жители на тој град – и затоа сè уште се водат расправи и се вршат истражувања.
Двете големи кружници содржат и улица покрај централниот плоштад. Наоѓалиштето било откриено во 1987-та година, иако постојат докази дека било проучувано и многу порано, со тоа што се претпоставува дека е изградено пред околу 5.000 години.
Археолозите функцијата на градбите ја припишуваат на астроархеолошкото значење, па од таа причина и ги нарекле опсерватории. Аркаин може да се нарече и софистициран истражувачки центар на древните народи.