Пет месеци по кампањата за подобрување на односите со своите возачи компанијата Uber потпиша договор со шведски Volvo за купување десетина илјади беспилотни автомобили кои евентуално би можела да ги замени. Договорот е една од најголемите комерцијални нарачки за беспилотни автомобили кога било, а се заснова на партнерството на Uber и Volvо склучено минатата година.
Според договореното, Volvo ќе му продаде на Uber околу 24.000 автомобили по примерот на своето популарно и лускузно теренско возило XC90 во периодот од 2019 до 2021 година. Uber ќе ги модифицира возилата со автономните технологии кои ги рави неговиот оддел за автномни возила, Advanced Technologies Group.
Од Geely, кинеската компанија која го купи Volvo, веќе најавија дека ќе го снабдат Uber со модели XC90 опремени со автономни технологија во периодот помеѓу 2019 и 2021 година, а автономниот систем кој ќе се наоѓа во тие автомобили моментално го развива Uber Advanced Technologies Group.
Почетната цена на XC90 е околу 50.000 долари – финансиски детали од договорот помеѓу Volvo и Uber не се објавени, а Financial Times предвидува дека вкупната бројка би можела да изнесува 1,4 милијарди долари.
Како во пракса ќе изгледа сето ова? Кога некој во иднина ќе повика такси на Uber преку апликација, по него ќе дојде автомобило во кој ќе нема возач. Во сите претходни тестирања на автономни возила во автомобилот секогаш имало барем еден човек подготвен да ја преземе контролата ако има проблем. Сепак за целосна автономија и возила кои нема да имаат возачи ќе треба да се променат и законите.
Поврзани артикли