Дека кафето знае вистински да нé придвижи уште од рано изутрина, на секого му е јасно. Но дека кофеинот е средство за придвижување и на автобуси – не сме чуле, барем не досега.
Следната недела, дел од лондонските автобуси ќе бидат „напојувани“ со кашеста смеса од кафе, која е специјално гориво произведено од нафтениот гигант Shell.
Ова био-гориво содржи масло добиено од кафе. Тоа е 20% од финалното гориво, што е мешавина од традиционално дизел гориво. Според креатиорите на ова гориво, просечниот лондончанец пие 2-3 шолји кафе на ден, што значи повеќе од 200.000 тони кафе годишно. Компанијата зема дел од талогот од кафулињата и фабриките, го суши и потоа се обидува по технолошки пат да извлече масло од него. Истото потоа се преработува во биолошко гориво B20, кое вклучува 20% биогориво и 80% дизел.
Автобусите можат да го користат ова гориво без понатамошни модификации.