Слушалки што го намалуваат ‘рчењето и сообраќајниот метеж

Новите слушалки на компанијата “Bose” наречени “Hush” се направени за да спречат било каков звук да допре до увото на личноста која ги носи. Со тоа, ваквиот уред овозможува мирен и непрекинат сон.

Слушалките “Hush” го намалуваат звукот од надворешната средина како што се ‘рчењето, лаењето на кучињата, гласните соседи, сообраќајниот метеж итн.

Тие се дизајнирани така што не сметаат во текот на спиењето, а исто така можат да послужат и како аларм кој наутро ќе ве разбуди од сон. Алармот се мести по пат на апликацијата за паметни телефони наречена “Bose Sleep”.

Досега, компанијата на сајтот “Indiegogo” собрала повеќе од половина милион долари за финансирање на својата идеја, а комплетната прва серија на слушалки е веќе распродадена.

Нивната цена изнесува помеѓу 150 и 185 долари.

Погледнете го видеото: