Samsung ќе има своја постановка на „London Design Festival“ каде ќе го прикаже своето ново „милениче“ наречено The Frame. Станува збор за новиот телевизор-рамка кој наскоро ќе се најде како дел од ентериерите на секој дом.
Samsung соработува со онлајн уметничката галерија „Saatchi Art“ каде од 21 до 25 септември ќе се одржи настан со учество на голем број меѓунардони уметници кои ќе изложат свои дела. На настанот ќе биде презентиран новиот хит на Samsung наречен The Frame, кој поставен на ѕидовите на галеријата и не се разликува многу од бројните уметнички дела.
„Визијата на Samsung е луѓето да купуваат уметнички дела во дигитален формат и да си ги прикажуваат во своите домови на The Frame“, вели Патрик Шен, менаџерот за производство во компанијата.