Германскиот автомобилски производител најави огромни инвестиции за развoj на електрични автомобили. Освен за електрификација и хибридизација, дел од средствата се предвидени и за модернизација на опремата со која се работи односно подобрување на производствените погони и едукација на вработените, јавува 24sata.
Групацијата Volkswagen сериозно ги сфати новите трендови на пазарот поради што доаѓа и оваа сериозна мерка. Најавената сума на инвестиции ќе биде вложена во периодот до 2022 година со цел развивање на електрични и автономни технологии. Дополнително, ќе бидат вложени и средства во дигитализација и развој на мобилни услуги.
Моделите ќе се произведуваат во неколку погони на компанијата, па така Golf ќе се произведува во Волфсбург, Passat во Емден, а погонот во Цвикау ќе стане e – mobility центар.
Се подготвува и целосно нова платформа наречена Modular Electric Baukasten која ќе ја користат електричните автомобили, меѓу кои можеби и новиот модел на Buba. Секој од моделите на брендот до 2030 година ќе добие и електрична верзија.
Извор: 24sata.hr
Поврзани артикли