Во опсерваторија во Чиле, со помош на Високопрецизен радар за откривање на планети (HARPS), откриена е нова планета, на оддалеченост од 11 светлосни години.
Научниците веруваат дека на оваа планета е возможен живот.
На оддалеченост од само 11 светлосни години, ова е втора најблиска планета од оваа врста.
Планетата наречена Ross 128 b орбитира 20 пати поблиску околу својата ѕвезда отколку Земјата околу Сонцето.
Меѓутоа, бидејќи нејзината ѕвезда е многу помала од нашето Сонце, Ross 128 b прима нешто малку повеќе соларна радијација отколку Земјата.
Поради тоа се очекува температурата на површината на оваа планета да биде еднаква како онаа на Земјата.
Ѕвездата Ross 128 околу која орбитира планетата Ross 128 b, иако е оддалечена 11 светлосни години од Земјата постојано и се приближува, што значи дека за 79.000 години ќе стане поблиска од моментално најблиската ѕвезда Proxima Centauri.