Кога се во прашање паметните телефони, на Интернет можете да пронајдете голем број на совети кои можат да ви бидат од голема помош.
Меѓутоа, корисниците на некои фунцкии не обрнуваат внимание претерано. Некои работи се подразбираат, па никој од корисниците и не бара совети за тоа. Но тоа не би требало да биде така.
Колку вие обрнувате внимание на Wi-Fi и Bluetooth? Колку од вас ја исклучуваат оваа фунцкија кога не ја употребуваат? Посебно кога спиете бидејќи тогаш телефонот не се користи. Дали на овие работи воопшто обрнувате внимание? Доколку вашиот одговор е негативен, треба да знаете дека грешите.
Експертите велат дека оваа функција би требало да ја исклучувате преку ноќ бидејќи непотребно се троши батерија и со тоа се скратува нејзиниот животен век. Едноставно нема потреба оваа функција да биде активна.