Астронаутот Паоло Несполи, од мисијата на Меѓународната вселенска станица, неодамна забележал и снимил метеор во лет кон Змејата.
Несполи, астронаут од Европската вселенска мисија успеал да сними огнена топка во лет кон Земјата, на 5 ноември:
Подолго видео направи Меѓународната вселенска станица за време на надлетувањето на Атланскиот Океан во правец кон Казахстан.
„Навистина изгледа како светол метеор, или огнена топка. Кога снимката се зголемува, може да се види објект кој се наоѓа под облаците, па претпоставуваме дека се приближувал кон земјината површина“, вели експерт на ЕСА за метеори Детлиф Кошни. „Изгледа имала и мала опашка“.
Метеори се делови од комети, кои стигнуваат во земјината атмосфера, согоруваат и ги прават оние популарно наречени ѕвезди што паѓаат, кои од Земјата можат да се видат ноќе кога нема облаци.
Обичај е да се замисли желба која треба да се оствари потоа, а астронаутот напиша дека веќе замислил.