Американскиот технолошки гигант Apple неодамна го претстави јубилејниот iPhone X, а неговата напредна предна камера веќе започна да им користи на програмерите за развој на анимации и апликации.
Елиша Хунг, млад уметник кој што се занимава со визуелни ефекти во тајландската компанија Moonshine Animation, го најави потенцијалното влијание кое што ќе го има iPhone X на идните апликации, но и анимации.
Тој го снимил своето лице со предната камера на новиот iPhone X, а потоа го користел Xcode и ARKit на Apple за превземање на податоци и нивна трансформација во 3Д рендери.
iPhone X Face Motion Capture into Houdini
Elisha Hung is taking data captured with the iPhone and placing it into 3D renderingshttps://t.co/XQGKS0F8UL pic.twitter.com/BfB65hWHll— Prosthetic Knowledge (@prostheticknowl) November 15, 2017
Конечниот резултат е 3Д приказ на предната страна од неговото лице која што е анимирана според неговите движења. На многумина можеби нема да им изгледа како Хунг да постигнал многу, но сепак тој најави во која насока може да се движи иднината на апликациите за мапирање на лицето.
Многу програмери ќе ја користат FaceID технологијата на Apple, а исто така оваа технологија може да им користи на аниматорите и тие што се занимаваат со 3Д моделирање со оглед на тоа што наместо да го моделираат целото лице и потоа да ги ригуваат неговите движења, тоа можат да го сторат со помош на оваа апликација.
True Depth камерата се наоѓа на предната страна на iPhone X. Тоа што ја прави оваа камера поразлична од останатите „селфи“ камери е тоа што камерата исто така содржи бројни сензори кои што фотографираат „длабочински“, односно прават математички 3Д модел на лицето. Токму на тој начин функционира FaceID технологијата за препознавање на лице и затоа не може новиот iPhone X да биде отклучен со 2Д фотографија на корисникот.
Извор: Klix.ba