Истражувачите од организацијата „METI International“ испратија сигнал во насока кон Luyten’s Star со надеж дека ќе добиеме одговор од вонземски суштества најрано во 2042 година. Толку време е потребно за пристигнување на сигналот до ѕвездата и за враќање на евентуалната порака назад до Земјата.
Luyten’s Star, позната уште како GJ 273, е оддалечена 12 светлосни години од нашата планета. Пораката кон неа е направено на начин на кој ние, луѓето на Земјата, ги замислуваме пораките од вселената, појаснуваат од METI – организација која се занимава со проучување на вселенски сигнали и пребарување за постоење на евентуален вонземски живот.
Пораката содржи информации за точните науки, кои би можеле да им помогнат на вонземјаните да ги разберат физичките закони на нашиот свет и да ни вратат податоци за својата планета – GJ 273b која орбитира околу Ѕвездата на Луитен.
„Во одговорот, сигно прво што чекаме е одговор дали тие ја разбрале нашата порака“, велат од METI.
„Наједноставниот начин да го направите ова е повторување на нашата порака во проширена форма. Рековме: 1 + 1 = 2. Тие можат да потврдат дека го разбрале значењето со тоа што би ни одговориле: 10 + 10 = 20“, објаснуваат истражувачите.
Во април, МЕТИ планира да испрати втора порака. Ќе содржи 33 мелодии, секоја од 10 секунди. Истражувачите велат дека луѓето да треба да се плашат дека сигналите ќе ја издадат локацијата на нашата планета, на некоја непријателска цивилизација. Според нив, атмосферата на Земјата одамна открила дека планетата е погодна, но за милиони години никој се уште не не нападнал.