Луѓето не би постоеле на Земјата ако не се случил фаталниот удар од астероид пред цели 66 милиони години на подрачјето на денешно Мексико. Удар којшто потполно ги уништил диносаурусите, сметаат научниците.
Јапонските истражувачи Кунио Каихо и Нага Ошима сметаат дека ударот од астероидот не би бил толку разорувачки кога би се случил на некој друг дел од планетата, што значи дека во тој случај диносаурусите и ден денес најверојатно би постоеле, а пак луѓето можеби и никогаш не би се развиле.
Астероидот пред 66 милиони години паднал во плиткото море на територијата на денешно Мексико. Научниците веруваат дека последиците не би биле толку страшни кога тој би удрил некаде на 87-те отсто од остатокот од Земјата, јавува Russia Today.
Астероидот со широчина од 10 километри направил кратер со пречник од околу 176 километри. Ударот на астероидот ослободил енергија за милијарда пати поголема од енергијата на атомските бомби коишто ги уништија Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна. Како резултат на ударот, повеќе од 75 отсто од копнените и морските животни, вклучувајќи ги и диносаурусите исчезнале.
Меѓутоа, количеството на јаглеводороди во карпите и камењата варира во зависност од локацијата. Научниците утврдиле дека само 13 отсто од површината на Земјата има таква околина, односно карпи со висока содржина на молекули на јаглеводороди, што значи дека диносаурусите едноставно немале среќа, бидејќи астероидот ја погодил токму таа област.
Извор: B92.net
Поврзани артикли