Непоканет гостин го користел вашиот компјутер?! Сметате дека ве шпионира вашиот сопруг или колега? Еве една едноставна метода со која можете да ги проверите ваквите сомнежи, без оглед дали користите Mac или PC.
Windows
Кај Windows 10 постои функција за следење на логирањето која може да ви ги прикаже сите обиди за користење на вашиот уред, вклучително и неуспешните. Откако ќе ја вклучите оваа опција, таа ќе ги забележи корисничкото име и времето на логирање. За да го активирате следењето на логирањето, ќе треба да користите Local Group Policy Editor. Се работи за моќна и корисна алатка која вреди да се научи. За да ја отворите, притиснете Start и напишете gpedit. msc, па кликнете на програмата.
Во Local Group Policy Editor, во левиот дел од менито, спуштете се до Local Computer Policy > Computer Configuration> Windows Settings > Security Settings > Local Policies > Audit Policy.
Во десното мени двапати кликнете на точката Audit logon events. Во прозорчето со понудените точки изберете Success, ако сакате „Виндоусот“ да ги забележува успешните обиди за логирање. Ако изберете Failure, „Виндоус“ ќе ги следи неуспешните обиди за логирање. Откако ќе ја изберете посакуваната опција, затворете го прозорецот на Local Group Policy Editor.
Откако ќе го активирате следењето на логирањето, тоа ќе почне да се забележува во Security log. Сите обиди за логирање на компјутерот ќе можете да ги следите во Event Viewer. Притиснете Start, напишете event и кликнете на Event Viewer. Во програмата, на левото мени, пронајдете Windows Logs > Security.
Mac
На Mac има можност да проверите кога вашиот компјутер се „разбудил“ од sleep mode. Прво отворете Console со притискање на Command и спејс или со клик на иконата Spotlight. Кога ќе впишете wake и ќе се придвижите до долниот дел од списокот, ќе можете да ги прегледате сите претходни активности.
Постојат многубројни причини поради кои вашиот компјутер се „буди“. Можно е со пребарување и со користење на командната линија за впишување syslog lgrep или Wake reason. Ова, се разбира, функционира единствено ако го спуштите капакот од својот уред пред да излезете. Како и во секој случај досега, секогаш е најдобро да се заштити уредот со комплексна лозинка, така што нема да може да се користи со едноставно отворање.