Од Илон Маск преку МИТ до американското Министерство за одбрана, сите работат на истражување на мозочните импланти, па се чини дека е само прашање на време кога ќе бидат готови уредите кои ќе го подобрат паметењето на луѓето. На Универзитетот на Јужна Каролина беше демонстрирано користење на такви импланти, кои би можеле да се користат за лечење деменција и Алцхајмерова болест.
Професорот Донг Сонг го презентираше своето откритие на тема мемориска протеза во текот на состанокот на Здружението на неуронаука во Вашингтон, а се однесува на првиот уред кој ефикасно го подобрува човечкото паметење. Во текот на тестирањето Сонг работел со 20 волонтери, на кои им биле всадени мозочни електроди во рамките на третан за лечење епилепсија. По всадувањето уредот на Сонг почнал да собира потадоци за мозочната активност на волонтерите во текот на тестови дизајнирани да го стимулираат краткотрајното памтење или работната меморија.
Врз основа на истражувањето, таквата стимулација го подобрила краткотрајното памтење за 14% и работната меморија за околу 25%. Кога научниците го стимулирале мозокот несистематски, перформансите се влошиле. „Правиме неурален код за да го подобриме памтењето. Ова не е направено никогаш претходно“ вели Сонг.
Уредот на Сонг дополнително ќе биде тестиран, а потоа треба да добие одобрение за користење во третмани, но ако се покаже ефикасен и врати барем дел од памтењето кај болните луѓе, ефектите кои ќе ги има врз животот на луѓето и нивните семејства.