Во средината на 2017 година „Фејсбук“ вклучи два четбота во меѓусебен разговор. Откако почнаа да комуницираат меѓусебно на сопствен јазик, експериментот беше прогласен за завршен…

Вештачката интелигенција на „Гугл“ за преведување разви сопствен внатрешен јазик за комуникација. Во еден друг експеримент, пак, роботите научиле меѓусебно да комуницираат за да добијат награда за успешно завршените задачи.

Skynet…connecting?

Напредокот во технологијата ни носи полесно секојдневие. Но, по која цена? Илон Маск, коосновачот, извршен директор и продуктархитект во „Тесла“, гласно ја посочува опасноста од суперинтелигентната ВИ (вештачка интелигенција) за човечката раса.

Од друга страна, Бил Гејтс објаснува дека нема место за паника. Со него се согласуваат и други ликови, како Марк Закерберг („Фејсбук“) и Џон Џанандреа („Гугл“).

Четботови во регионот

Во нашиот регион четботовите влегоа на голема врата. „Адико бенк“ во соработка со „Вибер“ есенва го претстави Chat Banking, услуга со која е можно плаќање преку текстуални пораки во апликацијата „Вибер“. А четботовите се користат и во промотивни кампањи – погледнете го примерот со „Мастеркард“ – четботот на наградна игра.

За или против вештачката интелигенција?

Вештачката интелигенција веќе е тука, на тоа не можеме да влијаеме. Сепак, што мислите вие за иднината? Ја гледате ли од позицијата на Илон Маск или поприфатлив ви е оптимизмот на Бил Гејтс?

Извор: TPortal.hr