Иако тоа не го прави често како „Гугл“, изгледа дека „Мајкрософт“ ја усвојува политиката на укинување на старите популарни функции.
Откако тоа се случи со „Мајкрософт Лајв Есеншл“ и популарните „Пејнт“, со излегувањето на есенската надградба „Виндоус Медиа Плејер“ падна во друг план. Епак, оваа функција не исчезна засекогаш, барем не за сега, а до неа можете да дојдете така што ќе отворите во подесувања, ќе ја одберете прво опцијата „Апликации“, па потоа „Апликации и функции“, ќе кликнете на „Менаџирање со опционални додатоци“, па „Додади функција“, ќе го пронајдете „Виндоус Медиа Плејер“ и ќе го инсталирате.
Самиот процес ќе трае неколку минути, но после тоа иконата од „Виндоус Медиа Плејер“ ќе ја пронајдете во почетното мени.
Секако, оваа функција нема да им недостига на сите бидејќи тука е многу подобриот „ВЛЦ“.