На социјалните мрежи се појавуваат многу огласи кои злонамерно ги упатуваат купувачите на наводно поволни понуди на различна брендирана стока (облека, обувки и др.) – HOT SALE, 80% OFF, Discount Sale и слично. Кога ќе се отвори таков линк од корисникот се бара да внесе лични податоци за регистрација, а по изборот на начинот на плаќање се отвора страница која почнува со „http” наместо „https”.
„Http”, всушност, значи „hyper text transfer protocol”, a „https” само на крајот го има и зборот „secure” (безбеден, безбедно), но токму во тоа и се крие разликата затоа што линковите кои почнуваат со „https” се шифрирани и ја осигуруваат безбедноста на податоците на посетителите на страницата.
Страниците кои нудат попусти, а почнуваат со „http” е лажни страници за собирање и крадење лични податоци и подтоци за картичките на корисниците, а стоката за која мислат дека ја нарачале нема да ја добијат. На тој начин украдените податоци од корисниците од страна на крадци може да се користат за плаќање на други интернет-страници, при што корисниците доцна ќе сфатат дека нивните сметки се искористени за трансакции за кои тие немаат поим.
При купување на Интернет задолжително:
-сами пишувајте ја адресата на продажното место
– никогаш на веб страницата на продажното место не одете преку линкови од социјални мрежи или слични пораки
– пред да ги внесете податоците од картичката проверете дали на почетокот на адресата има неотклучен катанец или има „S“ на крајот на „http“
– кликнете на катанецот за да проверите дали URL адресата води до некое продажно место.
На ваков начин ќе избегнете недозволени трансакции од вашата сметка.
Извор: Zimo.hr