Корисник од Кина прикажа наводно протечена слика од клон на iPhone X со идентичен дисплеј и исечок на горната страна зад кој најверојатно работи Xiaomi и кој ќе биде наменет првенствено за кинескиот пазар. iPhone X иако има сличен 18:9 дисплеј како останатите конкуренти се разликува токму по специфичниот врв на екранот со мал дел кој е покриен со лента.
Разликата ќе биде во тоа што малиот простор околу горната лента ќе биде искористен за приказ на кратки информации за поефикасно да се искористи предната површина на дисплејот без оглед што со лентата се дефокусира видното поле.
Чекаме повеќе информации дали овој модел навистина е во плановите на Xiaomi во наредниот период.
Поврзани артикли