Првото возило без возач во јавниот сообраќај во САД доживеа сообраќајна незгода само два часа по свеченото пуштање во употреба.
Никој не е повреден во судирот, за кој градските татковци на Лас Вегас наведоа дека е виновен возачот на другото возило.
„Шатлот работеше како што треба, неговите сензори го регистрираа камионот и возилото сопре. За жал, камионот не го стори истото“, наведено е во соопштението на градските власти на Лас Вегас, пренесе BBC.
Шатлот со овален облик може да превезува до 12 патници, а во него се вози службеник кој има компјутерски монитор пред себе, но нема волан, ниту педали за сопирање.
Возилото може да се движи со максимална брзина од 45км/ч, но обично „оди“ со околу 25км/ч.