Научниците од Универзитетот Дартмут во Њу Хемпшир откриле дека рефлектори на 3D сигнали, направени од тенки слоеви метал и пластика го засилуваат сигналот на WiFi рутерот, пишува EurekAlert.
Нивните експерименти се темелат на принцип на употреба на алуминиумска фолија за пренасочување на сигналите од ѕидовите и други попречувачи. Тим на научници го анализирал сигналот и произвеле сопствен специјален рефлектор кој го оптимизира сигналот во тест-собата.
Сите податоци ги внеле во програм за печатење WiPrint и дизајнирале оптимален пластичен рефлектор, користејќи 3D печатач, кој на крајот го прекриле со алуминиумска фолија. Како сето тоа изгледа во пракса може да погледнете во видео-снимката.
Ова решение ќе овозможи засилување на сигналот таму каде што е потребно. Јачината на сигналот со помош на него ќе може и да се намали таму каде што сакаме, како на пример кај соседите.
Извор: B92.net