Првиот лет на новата голема ракета на американската вселенска агенција NASA, под името Space Launch System (SLS), нема да се случи пред јуни 2020 година, иако тој требаше да се случи при крајот на 2019 година.
Новото одложување значи и одложување на плановите на NASA за скоро една година.
Големата ракета на NASA е наменета за астронаути кои ќе отпатуваат длабоко во вселената. Новиот датум е утврден преку детална анализа и одложувањето доаѓа откако е утврдено дека постојат ризици во производството кои треба да бидат одработени правилно, и дека е подобро да се почека за сите луѓе поврзани со мисијата да бидат безбедни.
Сепак, NASA и понатаму смета дека ракетата ќе биде спремна за лансирање до крајот на 2019 година.
Првиот лет на големата SLS ракета веќе неколкупати беше одложуван, а претходните пати NASA соопшти дека се соочува со технички проблеми и ограничен буџет.
Извор: Klix.ba