По симнувањето на ознаката „Доверливо”, ЦИА деновиве објави тајни документи кои се однесуваат на парапсихолошки феномени и во кои посебно се истакнуваат извештаи поврзани со паранормални активности во Кина.
Документите кои ги објави американската тајна служба претежно се засноваат на кинеските истражувања и сведоштва за неверојатните можности на човечкиот организам и до сега не беа достапни за јавноста, а денес може да се погледнат на страниците на онлајн архивата на ЦИА.
Во 1980-та година, во Шангај била организирана парапсихолошка конференција на која учествувале повеќе од 20 истражувачки институти и универзитети од целиот свет.
Една година подоцна, кинеските власти основале стотици институции за проучување на децата со посебни способности, а во 1982 година кинеската влада спонзорирала јавна конференција во Пекинг, чија цел била да се расправа за сите отворени прашања поврзани со луѓето со парапсихолошки способности.
Во ова време, научниците го откриле Жанг Баошенг, кој со своите телепатски способности ги вчудоневидил истражувачите. Жанг можел со силата на своите мисли да поместува предмети.
Во еден од извештаите кои ги објави ЦИА, се опишува и експеримент во кој учествувал Жанг. Во зивештајот стои дека за потребите на истражувањето, бил изработен дрвен шкаф со димензии 120х180х60 сантиметри во кој биле сместени листови хартија со единствени ознаки, а Жанг со своите мисли успеал да ги извлече листовите и да ги врати во шкафот, кој цело време бил затворен и неоштетен.
Извор: Tportal.hr