На „Детето пеперутка“ заменета му е 80 отсто од кожата, сега живее нормален живот
Малиот Хасан кој живее во Германија има ретка генетска болест позната како булозна епидермолиза, поради што кожата му е кршлива и нежна како крилата на пеперутка. Лекарите сега му подарија нов живот по низа спасоносни операции со што му е заменета 80 отсто од кожата со нова генетски модифицирана.
Парче од неговата кожа прво е модификувано во лабораторија по што е „поправена“ ДНК. Речиси две години подоцна новата кожа сосема нормално функционира.
Иако за детето не се откриени повеќе информации, за да се заштити неговата приватност, таткото на Хасан вели дека ова изгледа како сон.
„Хасан сега чувствува како е да се биде нормална личност, игра, активен е, ужива во животот и не е како претходно“, вели пресреќниот татко.
Детето е родено во Сирија и по кожата имал пликови и рани откако имал само неколку дена. Инаку протеините од различните слоеви на кожата се држат заедно, а кај ова нарушување во ДНК тоа недостасува.
Во септември 2015 година четири квадратни сантиметри од кожата на Хасан пратени се на биопсија и утврдено е кои инструкции недостасуваат во неговата ДНК. Тоа е генетски модифицирано и по три многу сложени операции момчето сега има нова кожа.
Досегашниот живот Хасан го помина во завои, но 21 месец подоцна нема знаци на пликови ниту кожата се оштетува кога ќе ја штипнете со прсти.
„Детето сега може да оди во училиште, може да игра фудбал и ова е многу големо подобрување на неговиот живот“, вели д-р Тобиас Хирш од Детската болница при Универзитетот Рур во Бохум, Германија.
Анализата за кожата на Хаса е објавена во магазинот Nature.
https://www.youtube.com/watch?v=xwn-ZCEI3iI
Извор: Klix.ba