Facebook се подготвува да го тестира превентивниот систем за борба против осветничка порнографија во четири земји.
Сепак, за тоа им е потребна помош од корисниците кои ги замолуваат да им испраќаат свои голи фотографии по пат на Messenger.
Австралиската канцеларија за безбедност на интернетот објавила дека ќе се здружи со Facebook со цел да го доведат системот за превенција до совршенство и да го спречат оној кој што ќе проба да објави интимни фотографии без знаење на личноста која се наоѓа на фотографијата.
Џули Инман Гранд од Канцеларијата за безбедност на интернетот вели дека злоставувањето на жртвите кои се наоѓаат на фотографиите е најлошото искуство кое некој може да го доживее на социјалните мрежи, и дека е многу важно Facebook превентивно да реагира на овој проблем.
Имено, Австралија не е случајно избрана за овој експеримент – резултатите од истражувањата покажале дека секој петти корисник на мрежата во оваа земја бил жртва на осветничка порнографија.
Извор: B92.net