Можеби звучи неверојатно, или како сценарио од некој холивудски филм, но научниците во подморницата “Blue Planet 2”, навистина искусиле како е да се биде окружен од неколку џиновски ајкули, кои воопшто не биле среќни што ги гледаат.

На длабочина од 750 метри, истражувачката подморница следела труп на кит кој некое време пловел на површината на Атлантскиот океан.

Кога дошле до местото каде трупот на китот потонал, затекнале голем број на џиновски ајкули “Hexanchus griseus”, кои можат да пораснат до осум метри во должина.

Поради големата конкуренција, станале поагресивни, се напаѓале меѓусебно, а не биле ни премногу среќни поради присуството на подморницата.

На научниците не им било сеедно, но ајкулите набрзо сфатиле дека подморницата не претставува конкуренција, па се вратиле на својата гозба.

Извор: Точка