Компанијата Apple објави дека нејзиниот најнов и најбаран смартфон iPhone X од 24 ноември ќе биде достапен во 13 дополнителни држави ширум Европа, меѓу кои е и Македонија, како и земјите од Азија, Блискиот Исток и Африка, вклучувајќи го и Макао.
iPhone X го краси револуционерен дизајн со 5,8-инчен Super Retina дисплеј без рамки, поседува технологија на безжично полнење, две одлични задни камери од 12 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата, A11 Bionic чип со невронски „енџин“ кој му овозможува на уредот да „учи“, а смартфонот нуди и одлично 3D исксутво на играње, Face ID сигурносен систем за отклучување, идентификација и плаќање.
iPhone X ќе биде достапен во сребрена (silver) и вселенско сива (space grey) боја и тоа во верзии со 64 и 256 GB интерна меморија. Основната цена во САД е 999 долари, а можно е да се набави преку веб-страницата на Apple, во продавниците на компанијата и преку овластените дистрибутери и оператори.
Од петок, 24 ноември, покрај во Македонија, iPhone X ќе биде достапен во Албанија, БиХ, Косово, Камбоџа, Макао, Малезија, Црна Гора, Србија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Тајланд и Турција.
Ден порано, продажбата на долгоочекуваниот уред ќе почне во Израел.
Поврзани артикли