Астрономи објавија дека откриле прстен и вселенски прав околу најблиската ѕвезда до Сончевиот систем – црвеното џуџе Проксима Кентаур. Тоа значи дека таа може да припаѓа на многу посложен планетарен систем од она што се сметаше досега.
Со помош на податоците од опсерваторијата АLМA во Чиле, тим на истражувачи откриле слаба светлина која изгледа како облак прашина, која го заобиколува Проксима Кентавур на неколку стотици милиони километри од ѕвездата. Се претпоставува дека е составен од парчиња карпи и мраз и се проценува дека температурата му е исклучително ниска – слична со појасот на Кајпер во Сончевиот систем.
И бидејќи вселенските облаци од прашина обично претставува остатоци од некој диск кој се врти околу ѕвездата и од кој се формираат планети, тоа значи дека најверојатно има планети околу Проксима, кои нам не ни се познати.
Ова е прва индикација дека Проксима Кентаур може да припаѓа на некој сложен планетарен систем, а не само една планета која се врти околу ѕвездата, вели раководителот на истражувањето, Гијем Англада од Институтот за астрофизика на Андалузија, Шпанија.
Покрај тоа, според научниците податоците даваат основа да се претпостави дека може да има уште еден, уште ладен појас од прашина подалеку од ѕвездата.
Извор: Science Alert
Поврзани артикли