Цената на iPhone X со 64GB меморија изнесува 1.000 долари, а за 256GB треба да доплатите уште 150 долари, што е еднакво на 1.150 долари. Со цел да им помогнеме на корисниците, образложуваме колку чини производството на телефонот. Тим Кук вели дека сепак ова е ниска цена за телефон што е лидер во својата индустрија и им пружа многу на корисниците.
Вкупната цена за производство на iPhone X со 64GB меморија изнесува 357,70 долари. Телефонот што се продава 999 долари, се произведува за 357,50 долари, што значи дека производителот ставил маржа од 64 проценти. Најскапиот дел на новиот iPhone е 5,8 инчениот OLED дисплеј, чија цена изнесува 65,50 долари, додека цената на класичниот 4,7 инчен LCD дисплеј кај iPhone 8 е само 36 долари.
Цената на куќиштето од нерѓосувачки челик изнесува 36 долари, што е за 15 долари поскапо во споредба со алуминиумското куќиште на останатите модели.
Поврзани артикли