Социјалната мрежа Facebook ќе им помага на корисниците во организирањето на средби меѓу нив. Новите функции веќе се тестираат во Канада и Нов Зеланд на мобилните апликации за iOS и Android. Системот ќе работи на следниов начин: Facebook ќе го праша извесниот корисник дали сака да се сретне со друг во текот на неделата. При позитивен одговор и од двете страни, двацата корисници ќе бидат известени за намерата.
Сличен принцип има и во други апликации за познанства. Најпозната од нив веројатно е Tinder. Сепак, за разлика од оваа апликација, каде барањата се упатуваат кон непознати лица, Facebook ќе се задржи во кругот на вашите пријатели.
Од социјалната мрежа велат дека услугата нема да избира луѓе кои би можеле да имаат романтичен интерес за средба еден со друг. Целта е да се овозможат што повеќе дружења меѓу пријателите во реалниот живот, а не само на социјалната мрежа.