Компанијата Facebook по купувањето на анкетната апликација за тинејџери наречена tbh, на корисниците на својата социјална мрежа им овозможи креирање на анкета слична на онаа која е веќе присутна на Instagram.
Facebook воведе нова опција со која им овозможува на корисниците да креираат анкета со две прашања, на која нивните пријатели можат да одговараат преку нивниот News Feed.
Новата опција е достапна на мобилната и десктоп верзијата на Facebook, а освен поставувањето на најмногу две прашања, може да се аплоудира и слики или GIF, заедно со секој одговор.
Она што вреди да се напомене е дека анкетите не се анонимни, односно личноста која ја креирала анкетата, како и сите оние кои гласале, можат да го видат вашиот одговор.
Facebook и претходно експериментираше со анкетите, но немаше начин да ги направи стандарден дел од News Feed-от на сите корисници, сѐ досега, кога ја откупи софтверската верзија на анкетата tbh, која е многу популарна кај тинејџерите.
Извор: Klix.ba