Бактеријата која содржи ген mcr-1, одговорен за отпорноста за антибиотикот колистин, се шири по светот со загрижувачка брзина.
Во една област на Кина дури 25 проценти од болничките пациенти го носат овој ген, соопштиле научниците на конференцијата на Американското здружение на микробиолози.
Колистин е познат е познат како “антибиотска апокалипса”, вели Сели Дејвис, која во Англија е задолжена за здравствени прашања.
“Доколку не се преземат мерки кои би ја прекинале праксата која овозможува ширење на отпорноста на антибиотиците и не се наоѓаат начини да се развиваат нови видови антибиотици, би можеле да се вратиме во време кога рутинските операции, полесните повреди и обичните инфекции би биле опасни по живот”, предупредила таа.
Денес поради отпорност на антибиотици околу 700.000 луѓе умираат од инфекции. Тој број, меѓутоа, константно расте и до 2050. година би можел да достигне 10 милиони годишно. Во светот во кој антибиотиците повеќе не делуваат, многу аспекти од современата медицина би станале невозможни. На пример, трансплантација на органи.
Во текот на операцијата неопходна е терапија за слабеење на имунитетот, за да се спречи отфрлање на новиот орган, така што пациентот станува подложен на инфекции. Во иднина имуносуперсантите би можеле да го изгубат дејството.
Дури и стандардните операции, како абдоминалната хирургија и отстранувањето на слепото црево, би станале ризични. Без антибиотиците кои ги штитат пациентите во текот на процедурата, тие ќе умираат од воспаление на стомачната обвивка и други инфекции.
“Рутинските операции, вградувањето на вештачки зглобови, царски рез и хемотерапија, исто така ќе зависат од антибиотиците и исто така ќе бидат во опасност. Обичните инфекции би можеле повторно да станат смртоносни”, вели Џонатан Пирс, шеф на одделението за инфекции и имунитет во британскиот Совет за медицински истражувања.
Причината за се поголемата опасност научниците ја гледаат во злоупотребата на антибиотиците и другите лекови, како и во фактот дека фармацевтските компании не истражуваат и не развиваат нови методи за лечење.
Во многу земји одгледувачите на стока и риби користат антибиотици користат антибиотици за поттикнување на растот, а како последица од второто тие доаѓаат и во потоците и реките, предизвикувајќи загрижувачки последици, посебно во Азија. Според зборовите на Сели Дејвис, нивото на антибиотици во големите реки како Ганга достигнало загрижувачки размери.
Кашата од антибиотици во водите и земјиштето натопено во лекови се идеално тло за развој на супербактериите. Ретките соеви кои се отпорни на антибиотици се размножуваат во животните и стануваат многу моќни, предизвикувајќи инфекции кои може да се рашират по светот со загрижувачка брзина.
Меѓу нив е и туберкулозата, која некогаш лесно се лечела, но во модерниот облик “MDR-TB”, отпорен на антибиотици, носи 190.000 животи годишно. Друг, можеби посликовит пример, е колистин.
“Колистинот бил развиен во 50-тите години на 20-тиот век, но поради отровните несакани дејства станал непопуларен кај лекарите. Поради тоа им го препуштиле на ветеринарите. Како се ширела отпорноста на луѓето на други антибиотици, лекарите се враќале на колистинот”, објаснува Метју Ејвисон, кој предава молекуларна биологија на Универзитетот во Бристол.
Со оглед на тоа дека лекот на големо се користел за поттикнување на растот на живината и свињите во Азија, равиле отпорни соеви, кои се пренеле на луѓето.
“Колистинот е лек кој го отфрливме и им го дадовме на ветеринарите, а сега наеднаш очекуваме повторно да го вратиме. Но, духот веќе излезе од шишето”, вели Ејвисон.
Извор: Blic.rs