За да си го направите полесно работењето на компјутер, препорачливо е да знаете барем неколку од важните кратенки кои ги користат различните оперативни системи.
Подолу погледнете (и пробајте да запамтите) неколку комбинации на копчиња кои ќе ви помогнат во секојдневното користење на компјутер.
Кратенки за Mac
Command + F3
Ги крие сите вклучени апликации и ви го покажува десктопот.
За да ги вратите повторно на екранот, притиснете ја истата комбинација на копчиња.
Option + Command + F
Го отвора полето за пребарување.
Option + Delete
Оваа кратенка ќе ви овозможи да бришете еден збор одеднаш, наместо една буква одеднаш.
Shift + Command + Q
Со оваа комбинација на копчиња се одјавувате од корисничкиот профил.
Command + 1 (2,3,4)
Оваа комбинација ви овозможува да менувате помеѓу отворените прозорци.
Само стиснете го бројот на апликацијата која сакате да се појави.
Кратенки за PC
Win + B
Ја селектира првата икона во полето за нотификации.
Потоа можете да одите низ иконите со помош на стрелките.
Win + D
Ги сокрива сите отворени прозорци и го покажува десктопот.
Alt + Tab
Со оваа кратенка менувате помеѓу отворените прозорци
Win + E
Ја отвора Windows Explorer алатката.
Win + Q
Ја отвора алатката за пребарување на инсталирани апликации.
Извор: Кајгана
Поврзани артикли