Компанијата Sarcos го произведе Guardian GT роботот кој што има раце подолги од два метри и може да подигне речиси 500 килограми радиоактивен отпад.
Инжинерите на Sarcos го развивале овој робот со години, а можеби најдобриот робот за оваа година, веќе е достапен во продажба. Иако овој робот изгледа премногу големо, сепак тој е многу подвижен.
Со него се управува со помош на два контролори кои што на вашите раце ќе им дадат огромна моќ. Guardian GT во секој момент прецизно ги следи наредбите, а тој што управува со него секогаш има повратна информација за движењето на роботот и тежината која што ја носи. Guardian GT е способен во секоја рака да подигне тежина до 250 килограми.
„Растојанието меѓу рамената на роботот е исто како кај луѓето. Роботот е многу интуитивен. Тој кинематички еквивалентен концепт овозможува на секој нов оператор, без дополнителен тренинг да ја користи машината“, изјави директорот на Sarcos, Бен Волф.
https://www.youtube.com/watch?v=DfYAvWIfhYY
Guardian GT е пред се наменет за изведување на комплицирани, опасни и тешки работи, како што е на пример чистењето на нуклеарните електрани. Од Sarcos веруваат дека нивниот робот ја претставува иднината на тешката индустрија.
Со комбинација на силата на роботот и флексибилноста на човекот, оваа американска компанија сака да овозможи тешките работи да ги извршуваат што е помал број на луѓе.
Извор: Tntportal.ba