Компанијата за долна облека и козметика „Викторијас сикрет“ постојано изненадува со новитети, а овој пат пред специјалната предновогодишна ревија компанијата го претстави најскапиот градник во својата колекција, вреден 2 милиони долари.
Градникот, кој ќе се носи на ревијата насловена Champange Nights Fantasy Bra, го изработи светски-познатата компанија за накит Mouwad, а овој пат ќе го носи бразилската манекенка Лаис Рибеиро.
„Долго време ја чував оваа тајна, но сега можам да објавам дека токму јас ќе го носам овој градник. Многу сум среќна и му благодарам на моето ‘Викторијас сикрет’ семејство за укажаната доверба, но и на поддршката од моето семејство, на пријателите и на фановите“, напиша моделот на својот инстаграм-профил.
На „Инстаграм“ се појави и видео од нејзината реакција кога дознала дека токму таа ќе го носи градникот вреден 2 милиони долари на ревијата која оваа година ќе се одржи во Шангај.
Извор: Репортер.мк
Поврзани артикли