Коралните гребени се комплексни морски екосистеми. Тие се заедница од живи суштества, која се состои од билки и животни, како црви, школки, сунѓери, ракчиња…Коралните гребени имаат значајна улога и за одгледувањето на потомците на рибите, кои го населуваат отвореното море.
Коралниот остров настанува со долготрајни промени на нивоата на водата. Со оглед на тоа дека коралниот гребен може да расте само до морската површина, подоцна, со спуштањето на нивото на водата, настануваат еден или повеќе острови, обично во облик на атоли.
Овие денови, научниците откриле мистериозна дупка во Големиот корален гребен, а биле изненадени од тоа што го пронашле во неа. Кога нурнале 20 метри длабоко во дупката, која била пронајдена на едно од најмалку истражените австралиски природни чуда, пронашле неверојатен, здрав корал.
View this post on InstagramA post shared by Johnny Gaskell (@johnny_gaskell) on
Ова е вистинска реткост, со оглед на тоа дека гребенот трпи силно избелување на коралите, поради што се склони на пропаѓање. Прегледувањето на повеќе од 500 корални гребени од Кернс во Австралија до Папуа Нова Гвинија, пред една и пол година, открило како “речиси без исклучок секој гребен покажал висок степен на избелување од коренот до неговиот врв”.
Биологот Џони Гаскел открил дека ја истражил најмалку истражената локација во историјата. Открил дека нурнал во сината дупка која се наоѓа во Големиот корален гребен, на 200 километри од островот Дејдрим.
View this post on InstagramA post shared by Johnny Gaskell (@johnny_gaskell) on
„Вредеше да се патува 10 часа до сината дупка. На длабочина од 20 метри нурнавме и пронајдовме здрави колонии на корали”, објавил Гаскел на Instagram.
Извор: Vijesti.me