Британската истражувачка база на Антарктикот повторно се затвора на крајот на летото на јужната хемисфера заради пукнатини во мразот, пишува во четврток Би-Би-Си.
Станицата Хели лежи на плутачкиот леден гребен Брунт, кој е расечен со две големи пукнатини. Персоналот од Хели веќе е повлечен оваа зима заради стравување од ширење на пукнатините.
По спроведеното истражување, одлучено е тоа повторно да биде направено како што летната сезона се приближува кон крајот.
Велика Британија на гребенот Брунт е присутна од 1956 година. Покрај истражувачката база Ротера, Хели е главно место за британските активности на Белиот континент.
Научниците таму собираат важни податоци за климата и времето, а станицата одигра клучна улога во истражувањето во кое во 1985 година беше откриена дупка во озонската обвивка.
Но, операциите отсекогаш беа отежнати заради нејзината позиција на мобилната ледена платформа дебела 158 метри, пишува Би-Би-Си.