Изгледа дека рударењето на криптовалутата Bitcoin е поефикасно и поисплатливо со помош на мобилни телефони, барем како што демонстрираше Samsung.
За време на Samsung Developer конференцијата, демонстрирано е рударење на Bitcoin со помош на вмрежени 50 Galaxy S5 смартфони. Samsung вели дека тргнале од логиката – зошто вмрежени телефони не би биле ефикасни како и персонален компјутер кој наменски го правиме за рударење и вреди најмалку 2.000 евра?
Според демонстрацијата која Samsung ја изведе на конференцијата, осум поврзани Galaxy S5 уреди се еднакво ефикасни за рударење, но далеку енергетски поисплатливи.
Samsung најави и нов оперативен систем кој ќе се користи за рударење Bitcoin, а ова е само една од многуте намени на старите уреди за користење на нов начин.
Доколку имате стари телефони, ете занимација која може да се претвори во заработка.
Извор: Мondo.rs
Поврзани артикли