Во периодот на Ноќта на вештерките, западната култура е опседната со зомби. Познатите живи-мртовци кои шетаат по улиците со сиви лица и искинати облеки веројатно ви се познати од сцените на морничавите филмови и тв-серии, но науката вели дека такви луѓе навистина постојат. Ако мислите дека зомби се граничат само со фантазијата, не сте во право.
Научниците тврдат дека всушност живи-мртовци постојат и се меѓу нас, иако тие не се токму она што ние го замислуваме и го имаме како општа престава за нив. Клучот лежи во синдромот Котард, кој е ретка болест која доведува некои луѓе да веруваат дека се мртви и почнуваат и во реалноста да се однесуваат токму како зомби. Според некои клинички записи, забележани се десетина случаи на луѓе кои боледуваат од овој синдром. Еден таков случај е забележан и во дневникот на францускиот невролог Жил Котард, по кого синдромот и го добил името.
\Имено, во 1880 година, францускиот невролог забележал случај на извесна жена „Мадмазел Х“ која била цврсто уверена дека е мртва. Таа тврдела дека некои делови од телото и недостасуваат и затоа нема потреба да јаде.
Последен ваков случај во медицината е забележан неодамна во САД, каде извесна госпоѓа Ванг на летот од Лондон до Сан Франциско почнала да тврди дека е мртва.