Фотографот од Сингапур, Арам Пан, добил дозвола од севернокорејските власти да го сними главниот Пјонгјанг од воздух.
„Ги прашав властите дали ќе ми дозволат да го снимам градот од воздух. За кратко време ми ја одобрија дозволата и ми дозволија на летот да понесам камера, која може безбедно да се прицврсти за леталото поради силните воздушни струења“, објаснил Пан за „НК њуз“.
Вели дека е воодушевен што успеал да ја направи првата снимка на Пјонгјанг од воздух со камера што снима во 360 степени.
Пан за порталот „Лоунли планет“ рекол дека уживал во секојдневието на главниот град на Северна Кореја, како и во неговата архитектура.
„Градот изгледа како да е во осумдесеттите години, со советска архитектура која се меша со модерни згради“, изјавил Пан.
Извор: Макфакс