Компанијата HMD Global го најави новиот смартфон Nokia 2, за кој тврди дека ќе може да издржи и до два дена без полнење.
Nokia 2 има батерија од 4.100 mAh, која е сосем доволна за да го напојува телефонот цели два дена. Смартфонот доби Qualcomm Snapdragon 212 процесор со четири јадра, 5-инчен LCD екран со резолуција 1280х720 пиксели, предна камера од 5 и задна од 8 мегапиксели, 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија, која има можност да се надополни со MicroSD картичка до 128 GB.
Телефонот го користи оперативниот систем Android Nougat со Google Asistant. Поседува вграден влез за слушалки.
Nokia 2 ќе биде достапна во три бои, две нијанси на црна и бела боја. Ќе чини 99 долари, а продажбата ќе започне кон средината на ноември.
Извор: Klix.ba